Search

Дончиќ верува дека Далас може да направи пресврт во финалната серија против Голден стејт

Првата ѕвезда на кошаркарскиот НБА-лигаш Далас, словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ верува дека неговиот тим има сили да приреди во пресврт во финалната серија од конференциското финале во западната конференција против Голден стејт. Тимот од Тексас ја забележа првата победа против Голден стејт во серијата кој прв до чпетири и намали на 3-1 во победи. Дончиќ беше лидер во триумфот и најефикасен поединец на натпреварот со 30 постигнати кошеви.

Далас се спаси од „метла“ во четвртиот натпревар со Голден стејт, но остана во тешка позиција бидејќи Голден стејт има сè во свои раце.

-Победата е победа. Мораме да бидеме заедно до крај. Мораме да веруваме декамн можеме да приредиме пресврт. Мислам дека нашата одбрана беше многу подобра. Подобро го користевме рекетот. Тие две работи се клучни. Така ја вративме серијата во Сан Франциско, рече Дончиќ.

Треба да знаете
Последни објави