Search

Дончев: Нема криминал во купувањето на Диамед од Диаверум

Директорот на ФЗО Ден Дончев тврди дека од нивна страна не било блокирано купувањето на домашната фирма Диамед од фирмата Диаверум од Шведска како како што обвини поранешната сопственичка на Диамед, Вера Ивановска. Таа за овој случај поднесе кривични пријави против Дончев и министерот Венко Филипче.

– Не било вршено никакво влијание како што тврди Ивановска. Ние само ја предупредивме шведската фирма дека имаме намера да ги испитуваме околностите под кои Диамед ја добила концесијата. Доколку се утврди криминал може да се одрази и на работата на Диаверум доколку реши да ја купи Диамед, а се докаже дека имало злоупотреба на службената должност при доделувањето на концесијата. Сепак вработен во Диамед беше кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски на чија сметка легнале милиони денари. Диаверум си одлучуваат самостојно, но ние ги предупредуваме дека е можно одземање на концесија- вели Дончев.

Тој рече дека имале две средби со претставници на Диаверум и испратени се две писма.

Дончев објасни и дека за добивањето на концесијата на ексклузивни 20 години истрага води Јавното обвинителство. Диамед од 2014 година до сега од ФЗО има добиено 169 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави