Search

Дончевски: Браво Игоре, не израдува сите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски имаше интересен разговор за австралиското радио Ес-Би-Ес, на кој се вклучи и првиот селектор на нашата репрезентација, Андон Дончевски.

Дончевски не ги криеше пофалните зборови за Ангеловски нагласувајќи дека заедно со репрезентативците постигнале историски успех кој долго ќе се памети.

– Браво Игоре. Не израдува сите бе синко. Ти знаеш, јас постојано те храбрев, и на крајот успеа. Ги сплоти сите, маправи силна репрезентација. Верував во тебе од самиот почеток, овој историски успех ќе биде одбележан со златни букви. Не надмина сите нас, зошто ја сплоти екипата. Сите играа како еден а најголема заслуга имаш ти Игоре. Бев за тоа Пандев да го вратиш во репрезентацијата. Твојата умешност дојде до израз. Толку паметно ја водеше репрезентацијата, ја водеше како искусен тренер, како да си Мурињо. Сакам да кажам дека залсужуваат честитки и претседателот Мети Сејдини и Филип Поповски, за тоа што те поддржаа. Големи поздрави и честитки за сите вас – му порача чичко Дончо на Ангеловски.

Треба да знаете
Последни објави