Search

Донован назначен за нов тренер на Чикаго

Кошаркарскиот НБА лигаш Чикаго булс го промовира Били Донован на тренерската функција. Во согласност со клупската политика, условите на договорот не беа обелоденети.

Педесет и петгодишниот Американец соработуваше со Оклахома сити во последните пет години. По сезоната 2019/20 беше одлучено да не се продолжи договорот со него, па кошаркарскиот стручњак остана без клуб.

Во регуларниот дел од сезоната 2019/20, Булси предводени од Џим Бојлен, завршија на 11. место во Источната конференција и не влегоа во плејофот.

Треба да знаете
Последни објави