Search

Донесена Фискалната стратегија за 2021-2023, Македонија ќе учествува во Доверителниот фонд на НАТО за справување со КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 78-ма седницa, на предлог на Министерството за финансии, заради запазување на законските рокови, ја донесе Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2021-2023 година, како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање која е во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и овозможува следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата КОВИД-19, и го задолжи Министерството за финансии, согласно  можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Република Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата КОВИД-19.

Треба да знаете
Последни објави