Search

Донесена одлука кој ќе ја добие државната награда „Св. Климент Охридски”

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр. 52/0654/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ” бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на  седницата одржана на 16.11.2021 година, донесе

                                                            О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” за  2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија

 1.  Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на:

               проф. д-р Ѓулумсер  Касапи, универзитетски професор.     

2. Во областа на културата и уметноста  наградата им се доделува на:

            – Јован Павловски, писател

           – м-р Снежана Анастасова Чадиковскамузички уметник

           – Елена Дончева, академски сликар – костимограф.

  3. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во  ,,Службен весник на РСМ” .

          Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2021 година (среда) во 12 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави