Search

Донев: Георгиески предлага нови 40 административни вработувања кои ќе ја чинат општината околу 110 илјади евра

Наместо проекти за охриѓани, СДСМ и в.д градоначаликот Константин Георгиески спроведуваат партиски вработувања. За Георгиески важни се партиските интереси, а не да се грижи за интересите на граѓаните, изјави денеска Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Крајно несериозен и скандалозен е ваквиот однос на градоначалникот Георгиески.
Од една страна Георгиески нема пари за улично одржување во зимски услови и го остави Охрид неисчистен од снег, а од друга страна преку општината како основач на ЈП „Охридски комуналец“ на следната седница на Совет предлага нови 40 административни вработувања од кои 16 унапредувања во претријатието.

Овие партиски вработувања ќе ја чинат општината над 6 600 000 денари или околу 110 илјади евра на годишно ниво. Наместо нови товарни моторни возила со опрема за чистење снег парите ќе се трошат за партиските вработувања.

Требаше да поминат само неколку недели за да го видиме вистинското лице на Георгиески. Не може да се претставува како в.д градоначалник на сите граѓани, а спротивно на тоа приоритет му се тесно партиските интереси.

Систематското решавање на проблемите треба да биде приоритет, пиењето чај е добар потег, но на тие луѓе им треба современа механизација за успешно завршување на работата и што побрзо да се вратат во своите топли домови“, изјави Донев.

ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, бара од градоначалникот Георгиески како предлагач веднаш да ја повлече точката за нови 40 вработувања во ЈП „Охридски комуналец“.

Треба да знаете
Последни објави