Search

Донација од свежо овошје за здравствените работници од Козле

Донација од свежо овошје за здравствените работници од Институтот по  белодробни заболувања кај децата – Козле, кој од средината на јуни, хоспитализира и возрасни пациенти со Ковид-19 додели денеска компанијата Mozzart Bet.

Досега компанијата има испорачано повеќе од два тони свежо овошје, наменето за болниците ширум државата. Овие акции кои се насочени кон македонското здравство, имаат за цел поддршка и подобрување на условите за работа на здравствените работници кои водат деноноќна борба со коронавирусот.

-Ваков гест во овие моменти навистина многу ни значи, особено затоа што гледаме дека нашите напори се ценат, а тие се навистина многу големи. Пакетите свежо овошје сигурно добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Голема благодарност до компанијата Mozzart, со која и претходно имавме соработка и реализираше донација во нашата установа, посочуваат од Институтот по белодробни заболувања Козле.

Од Mozzart велат дека оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

На предавањето на донацијата присуствуваше и Васко Илијевски, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во која членува компанијата Mozzart.

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.

Треба да знаете
Последни објави