Search

Донаторски состанок за намалување на аерозагадувањето

Донаторски состанок за намалување на аерозагадувањето

Донаторски состанок на кој ќе биде презентирана владината програма за намалување на аерозагадувањето ќе се одржи денеска во Свечената сала на Владата.

Како што соопштија од СЕП, на состанокот воведни обраќања ќе имаат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, како и заменик министерот и раководителот на интер-ресорката група за справување со загадувањето Јани Макрадули.

Пред почетокот на донаторскиот состанок ќе се одржи прес-конференција во Медиа центарот на Владата.

Треба да знаете
Последни објави