Search

ДОМ спроведе обука за алтернативни начини на изборна кампања

Зелената партија ДОМ, во соработка со Зелен Институт и холандската фондација Биро де Хилинг, организираше онлајн обука на тема “Приспособување кон алтернативен начин на партиска комуникација и активизам”. Предавач беше Огнен Јанески кој го истакна значењето на онлајн платформите и социјалните мрежи во комуникацијата со граѓаните. На обуката учествуваа преку шеесет активисти на ДОМ, како и Ане де Бер-директор на Биро де Хилинг и Трушке Смитс од холандските Зелени.

На почетокот на настанот се одржа координативен состанок на Централниот изборен штаб со регионалните и локалните изборни штабови на ДОМ, на кој беа презентирани организациската структура и насоките за спроведување на предизборната кампања, во контекст на целосно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави