Search

ДОМ: Сеопфатни судски реформи, а не само ветинг

Зелената партија ДОМ поддржува процес на ветинг на судии и обвинители, кој би го спроведувала Комисија во чиј состав би биле вклучени меѓународни правни експерти.

Со цел вклучување на искусни правници и зголемување на бројот на обвинители и судии, кој очекувано би се намалил со ветингот, ДОМ предлага поедноставување и забрзување на постапката за прием и завршување на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дополнително ДОМ предлага трошоците во случаите на застарување на кривичните дела, да бидат на товар на обвинителите и судиите кои учествувале во постапката.

„Неправедно е од средствата на граѓаните-даночни обврзници да се плаќаат трошоците настанати поради неефикасно работење на одредени судии и обвинители. ДОМ смета дека овие предложени реформи ќе овозможат ефикасно реализирање на принципите на владеење на правото, неселективна правда и борба со корупцијата. Со тоа ќе се зголеми и довербата на граѓаните во правосудниот систем“, велат од ДОМ.

Треба да знаете
Последни објави