Search

ДОМ: Разочарувачки е буџетот за животната средина

Од Демократската обнова за Македонија преку соопштение изразија големо разочарување што Министерството за финансии не ги прифатило амандманите поднесени од пратеничките од ДОМ, за дополнителни 34 милиони евра за почист воздух, колекторот за Охридско Езеро и пречистителната станица за Дојранско Езеро.

„Министерството за финансии пропушти да го „нормализира“ скромниот буџет за животната средина токму во деновите на енормна загаденост на македонските градови Скопје, Тетово и Битола, кои се „прославија“ со првите позиции по загаденост во светот. Упатуваме апел до Владата, да ги уважи аргументите на екологистите и да излезе во пресрет на барањата на граѓаните, за пристоен буџет за ефикасна борба со загадувањето“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Од партијата посочија и дека бараат да се искористи можноста за последна интервенција во Буџетот пред неговото носење на пленарна сесија и од други ставки, да префрли средства на ставката „Програма за намалување на аерозагадувањето“, за која во моментов се одвоени само 1,6 милиони евра, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави