Search

ДОМ: Колку „лондонски смогови” голтнавме зимава и до кога?

ДОМ ги прашува надлежните институции на државно и локално ниво, кои наместо прогласување аларм за повеќенеделното аерозагадување, чекаат ветре да го расчисти небото: колку „лондонски смогови” голтнавме зимава и уште колку ќе голтаме? Зарем е малку да има со недели ПМ10 од 100 до 400 микрограми на метар кубен во десетина македонски градови? Зарем е битно дали има прекини од 2-3 дена помеѓу екстремите? Ова е вонредна состојба со аерозагадувањето и тоа треба да се каже и да се преземат конкретни мерки за негово намалување!

,,Лондонскиот смог” се случил 1952 година, кога по петдневно екстремно загадување во Лондон се проценува дека умреле околу 4 000 лица, а во следните месеци уште 6 000. Тоа бил силен аларм за надлежните да преземат итни краткорочни мерки, пред сè рестриктивни правила за индустријата и домаќинствата за употребата на горива. Подоцна, во 1956 година е донесен и првиот Акт за чист воздух за Обединетото Кралство, прв таков и во светот.

,,И македонските надлежни треба да одлучат да се применат итни мерки кои се познати и пропишани: пар-непар за автомобилите, бесплатен јавен превоз, забрана за тешки возила во градските центри, стоп за градилиштата, преполовување на индустриското производство, засилена контрола на сите стопански загадувачи (големи, средни и мали), миење на улиците. Паралелно треба да течат субвенции за печки и горива за домаќинствата, транзиција од фосилни во обновливи горива, како и редица други мерки”, соопшти партијата.

Треба да знаете
Последни објави