Search

ДОМ: Граѓаните на североисточниот регион да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот

ДОМ апелира до сите граѓани на североисточниот регион да покажат висока еколошка свест и одговорност и да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот, лоциран во општина Свети Николе, во месноста Мечкуевци.

„Не дозволувајте политиката повторно да упропасти добар еколошки проект. Уште од 2002 година преку различни проекти и донатори се обидуваме да изградиме барем една регионална санитарна депонија, но постојано во финалната фаза овие проекти се исполитизирани, финансиските средства не се потрошени, а ѓубриштата и натаму ја загадуваат животната средина. Да престанеме да се надмудруваме, туку да почнеме да работиме“ апелираше Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на крајот на јавната расправа.

ДОМ дава поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и градоначалниците во Источниот и Североисточниот плански регион во нивните напори низ транспарентна постапка да ги информираат граѓаните за придобивките од изградбата на регионалната санитана депонија близу Свети Николе. Иствремено, ДОМ апелира да се исполнат сите предуслови што ги поставува Европската Унија за конечно да може да се искорист грантот во износ од 35 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави