Search

ДОМ ги поддржува протестите против каменоломите во Лабуништа

ДОМ го поддржува и овој протест на жителите од Лабуништа против каменоломите што им го прават животот крајно нездрав и неподнослив. Не се живее среде каменоломи, во бучава и прашина!

Каде е Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот, водите и почвата? Каде е санитарниот инспекторат да утврди какво е здравјето на децата и сите жители во таа прашлива бркотница? Што презедоа министерствата за економија и животна средина по жалбите и апелите од сите страни? Има ли некој да ги чуе луѓето што бараат помош и спас од каменоломите во нивните дворови?

Доколку институциите продолжат да се оглушуваат, ДОМ ќе поднесе кривични пријави за загрозување на човековото здравје против одговорните лица во нив.

Треба да знаете
Последни објави