Search

ДОМ: Веднаш да започне отстранувањето на дивоградбите во Охридскиот регион

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро го осудува продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници.

Од оваа партија бараат од локалните власти да се санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од Советите на општините Охрид и Струга и веднаш да се започне со најавената акција за отстранување на нелегалните градби.

„Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори направени во поглед на заштита и зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Треба да знаете
Последни објави