Search

Долго се занимавала со спорт и немала пари, па почнала да се фотографира разголена: Сега заработува илјадници

Луција Јаворчекова е една од најпопуларните Словенки, а оваа дама пред сè се прославила како врвна спортистка, но од тоа немала премногу корист…

Имено, убавата бринета била шампионка во велосипедизам, но пред неколку месеци се откажала од активното занимавање со овој спорт и решила својата енергија да ја насочи кон моделството, на радост на припадниците на машката популација.

Луција била многу телентиран велосипедист со одлични резултати, но бидејќи не успевала да дојде до многу пари, решила да го употреби изгледот како адут и сосема очигледно е дека и оди премногу добро.

Убавото лице, негуваната коса, бујните гради и совршеното тело и помогнале брзо да се пробие во светот на модата, а добива и понуди од сите страни…

На Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе, а таа секојдневно ги радува со провокативни фотографии на кои позира разголена или во секси парчиња.

“Никој не е секси како Луција”, “Презгодна си”, “Најубава спортистка на светот”, се само некои до комплиментите кои секојдневно ги добива на својот профил.

Треба да знаете
Последни објави