Search

Долги колини на грчка страна на Богородица

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска на граничниот премин Богородица-Евзони има подолга колона за влез во Грција, на грчка страна. Во делот на Република Северна Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчка страна. На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор.

Треба да знаете
Последни објави