Search

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи плашејќи се да не се заразат со коронавирус, покажа документ на британската влада.

Од коронавирус, според официјалните податоци, во Велика Британија починале 46.000 луѓе. Но, последиците од карантинот кој беше воведен за спречување на ширење на вирусот, исто така, се драматични, покажа документ на владината Научна советничка група за итни случаи.

Според тие податоци, на три смртни случаи од коронавирус, следат два кои се предизвикани од последиците од карантинот, пренесе „Спутник“.

До почетокот на мај, како што се наведува во документот, во Британија починале 16.000 луѓе кои не можеле да добијат соодветна лекарска помош, додека 6.000 починале затоа што не се јавиле кај лекар од страв да не се заразат од коронавирус во здравствената установа.

Податоците на Министерството за здравство на Британија и Националната завод за статистика, покажуваат дека починале и 10.000 луѓе кои биле отпуштени од болница во текот на пандемијата.

Советничкото тело на британската влада прогнозира дека уште 26.000 луѓе би можеле да починат во следните месеци поради мерките за карантин и рестрикциите во здравството.

Како позитивна страна на карантинот во документот се наведува тоа што, благодарение на него, спречени се 2.500 смртни случаи настанати во сообраќајни несреќи и предизвикани од загадувањето и други причини.

Треба да знаете
Последни објави