Search

Документи од Хаг откриваат дека Тачи гледал како луѓе од УЧК ги мачат Србите!?

Поранешниот командант на УЧК, а подцна претседател во оставка на Косово, Хашим Тачи, бил испрашуван трипати пред да биде уапсен и однесен во одделот за притворската единица на Специјалниот суд во Хаг. Тој пред обвинителите во јули и декември минатата година и во јануари годинава.

Ова го покажуваат документите на Специјализираното обвинителство, кои беа декласифицирани и кои докажуваат дека поранешниот претседател на Косово не ја говорел вистината.

Досега јавноста знаеше дека Тачи само еднаш одговарал и бил испрашуван од судот и тоа во јануари оваа година. Сега е веќе познато дека имало ( најмалку ) уште две сослушување на Тачи.

Откриено е, но само во еден дел, тоа што Тачи го изјавил за време на состанокот со обвинителите во јануари, организиран по барање на неговите адвокати.

Имено во јануари, тој изјавил дека бил присутен за време на мачењата, но потоа го “сменил мислењето“ и го негирал своето првично тврдење.

Специјализираното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг, му сугерираше на судот судењето на Хашим Тачи и тројцата поранешни шефови на ОВК да го закаже за следното лето, а најдоцна до септември 2021 година.

Бранителите на обвинетите Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими побараа најмалку 18 месеци да ја подготват својата одбрана, со барање судењето да започне или во јуни 2022 година или на почетокот на 2023 година и да им се откаже притворот и да се бранат од слобода до судење.

Треба да знаете
Последни објави