Search

Документарен филм за Ејми Вајнхаус одбележува 10 години од смртта на пејачката

Семејството и пријателите на Еми Вајнхаус се осврнуваат на нејзиниот живот во нов документарец кој одбележува 10 години од смртта на пејачката, со потресни стории за патот до светска слава и битката со зависноста.

Раскажан од нејзината мајка Џенис Вајнхаус-Колинс, Reclaiming Amy
содржи домашни снимки, семејни фотографии и интервјуа со блиски пријатели кои се сеќаваат на посреќните и помрачните периоди на шесткратната добитничка на „Греми“.

Мајката, која има мултиплекс склероза, ретко зборува јавно за својата ќерка, но ја споделува својата верзија за настаните во документарниот филм, кој го порачаа британските „Би-би-си два“ и „Би-би-си мјузик“.

Филмот ќе се емитува во петок, 23 јули.

„Дури сега сфаќам колку малку сме разбирале,“ вели Вајнхаус-Колинс во филмот. „Таа беше склона кон зависност, не можеше да се запре. Зависноста е многу суров ѕвер.“

Еми, која се бореше со проблеми со пиење и дрога низ поголемиот дел од својата кариера, почина од труење со алкохол во нејзината куќа во северен Лондон на 23 јули 2011 година. Таа имаше 27 години.

Треба да знаете
Последни објави