Search

Доктор Трајче Нешковски почина во сообраќајката на Рузвелтова

Доктор Трајче Нешковски (32), поранешен генерален секретар на СДММ е возачот кој почина денеска на Рузвелтова, дознава 24 Инфо.

Како што претходно oбјави 24Инфо, на Нешковски му се слошило, односно доживеал срцев удар по што се судрил со друг автомобил и со својот  “цитроен” удрил во дрво.
Тој бил однесен во Ургентниот центар но докторите не можеле да го спасат.

Нешковски беше раководител на детскиот Ковид центар во болницата во Козле.

Функционерите на СДСМ преку социјалните мрежи се простуваат Нешковски.

Пратеникот Коста Костадинов на Фејсбук напиша дека темелот на СДММ го поставувале заедно.

„За момент помислив дека е само лош сон, ама не било. Целото другарство, темелот на СДММ го поставувавме заедно, еден и единствен Трајче. Не сакам да верувам, но кој не прашува нас овде. Бог да те прости брат, другар Трајче…До некое следно видување“, напиша Костадинов.

„Се понадевав дека е грешка или лага… Страшна вест. Почивај во мир Трајче!“, напиша министерката Шекеринска.

https://www.facebook.com/sekerinska/photos/a.10151682409245163/10157203192495163/?type=3

https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1737878576389758/?type=3

Треба да знаете
Последни објави