Search

Доктор Конли: Трамп е во многу добра здравствена состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп е во „многу добра здравствена состојба”, изјави неговиот лекар по четиричасовниот годишен преглед во воената болница „Волтер Рид”.

– Со задоволство можам да објавам дека претседателот на Соединетите Американски Држави е многу добар и очекувам така и да остане за време на неговиот мандат, па и понатаму, рече докторот на Белата куќа, Шон Конли.

Контролата на здравствената состојба оваа година ја направи Конли, доктор по остеопатска медицина и ветеран во морнарицата, кој сега е официјален лекар на Трамп.

Американскиот претседател не е обрзан да подлежи на лекарски прегледи, но тоа стана редовна пракса, бидејќи, како што наведуваат медиумите, е добра можност лидерите да ја уверат јавноста дека се способни за работата што ја извршуваат.

Треба да знаете
Последни објави