Search

Докторот на Марадона признава дека имале често несогласувања со фудбалската легенда

Аргентинското обвинителство покрена истрага против личниот доктор на фудбалската легенда  Диего Армандо Марадона кој почина во својата 60 година од животот. Во текот на вчерашниот ден домот на познатиот аргентински доктор Леополд Луке бил посетен од истражителите. Неканети гости имало и во приватната клиника каде беше направена хирушката интервеницја над Марадона како би се испитале до крај причините за смртта на „Божјата рака“.

Аргентинските власти се одлучија на ваков потег откако се создаде голем притисок во јавноста. Поради овие несакна случувања и доктор Луке одлучи да се појави пред медиуми и да ја објасни целата ситуација и сите моменти во деновите пред смртта на Диего.

-Нема што да кријам затоа што во смртта на Марадона нема медицинска грешка. Се направи се што можеше да се направи, па верувајте дури и повеќе. Нема за што да си забележам на самиот себе, па и на сите во клиниката кои се грижевме за неговото здравје. Го продолжив неговиот живот колку што можев. Го сакав многу Диего и секогаш работев за негово добро – соопшти Луке и призна дека неколку денови пред да настапи смртта имал несогласувања со Марадона.

-Точно е дека неколку денови пред смртта Диего ме избрка од неговиот дом, ме навредуваше како и обично. Познато е дека кога Диего беше нерасположен пцуеше против целиот свет. Таков беше. Ме бркаше и многупати претходно, но потоа пак ќе се јавеше. Не ги сакаше докторите, но единствено во нас имаше доверба. Тој ден ги избрка и ќерките. Кога мене ме навредуваше и ме избрка, станав но не заминав. Бев во близина затоа што му кажав дека ќе си одам само ако стане од креветот. Го натерав да стане, затоа што тоа беше важно за неговото закрепнување. Но,… – истакнува докторот на Марадона.

Што се однесува до причините за смртта на марадаона, докторот додава:

-Неговата смрт не е последица на последната операција. Едноставно кај пациент со таква историја најчести се срцевите удари. Диего се бореше многу, но мислам дека на крај попушти. Беше многу тажен и депресивен. Не сакаше да гледа никого, му недостасуваа родителите, и како да сакаше самиот да се казни. Беше осамен, се обидовме да го промениме неговиот животен стил, но тој не беше човек за седење дома. Горд сум за се што направив за него и семејството, иако не знам зошто сега бараат виновници на сите страни. Медицинска грешка во неговата смрт нема.

Треба да знаете
Последни објави