Search

Докторка е една од петте новозаболени со коронавирус во Куманово

Докторка-анестезиолог е една од петте новозаразени од коронавирусот во изминатите 24 часа во Куманово, a информацијата за својата болест ја споделила на Фејсбук, објави „СДК.мк“.

Таа вели дека не знае од кого точно го добила вирусот, но имала контакт и со првата почината пациентка од коронавирус во земјава.

Неофицијално, во Кумановската болница позитивни тестови на коронавирус пристигнале за уште еден лекар и на една медицинска сестра и сопругот на починатата жена. Лекарите и медицинскиот персонал се жали дека нема соодветна заштитна опрема на инфективното одделение, освен обични маски и ракавици. Пред два дена на одделението почина жена, а син ѝ е позитивен на коронавирус. Претходно двата теста ѝ биле негативни. Во Куманово има осум заболени од коронавирус, а денеска 5 нови случаи.

Треба да знаете
Последни објави