Search

Докторката на Трајковски повикана на судењето за ТНТ, ќе треба да објасни што му е на обвинетиот

Докторката која што му ја издала медицинската документација на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски во понеделник во Основниот кривичен суд Скопје ќе треба пред јавноста да каже зошто Трајковски не може да го следи судењето, информираат од Судот.

-Заради интерес на медиумите кои го следат судењето за предметот со КОК бр. 53/17 познат како „ТНТ“ ја информираме јавноста дека за главната расправа насрочена на 20.01.2020 год. судот ја повика докторката – професор од овластената клиника која на обвинетиот Тони Трајковски му издаде медицинска документација дека истиот има здравствени проблеми и неможе да ја следи расправата. Со цел утврдување на фактичката состојба, доследно почитување на правата на странките во постапката, како и јавниот интерес за предметот, судот ќе и овозможи на докторката јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, за што веќе има издадено соодветна докуемнтација, информираат од судот.

Вчерашното рочиште се одложи откако Трајковски донесе медицинска документација и појасни дека има здравствени проблеми по претепувањето пред Нова Година.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ” се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

Треба да знаете
Последни објави