Search

Докторката на Трајковски го убеди судот дека обвинетот е болен

Невропсихијатарот Викторија Вујовиќ, зад затворена врата, на денешното судење за “ТНТ” ја образложи здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски, бидејќи таа му дала боледување, објави Фокус.

Јавноста не можеше да го следи произнесувањето на докторката, поради зачувување на приватноста на нејзиниот пациент.

Трајковски не се појави на судењето, а неговиот адвокат Јовица Страшевски истакна дека добил известување дека на 15 јанари, по последното рочиште, бил на лекар и има известување дека не смее да присуствува на рочиште за подобрување на здравствена состојба.

-По кажување на докторот станува збор за кратко боледување  од десетина дена, рече судијата Огнен Ставрев.

Наредното рочиште се одложува за 6 февруари.

На минатото рочиште, адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

– Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена, изјави Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми, поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски, а одбраната реагираше дека не може да се води постапка против поттикнувачи со раздвојување на постапката за обвинетиот извршител на делото.

Треба да знаете
Последни објави