Search

Докторите од Зимбабве го прекинаа штрајкот, ќе бидат финансирани од телекомуникациски магнат

Докторите во Зимбабве се согласија да го прекинат повеќемесечниот штрајк откако ја прифатија понудата на милијардерот Страјв Масијива, основач на компанијата „Еконет Вирелеш”, шест месеци да ги финансира преку партнерска програма.

Штрајкот заради лошите услови за работа и економската ситуација, што траеше повеќе од четири месеци, го парализира системот за здравствена заштита во оваа земја.

Масијива кон крајот на минатата година вети основање фонд во кој би вложил 100 милиони зимбабвиски долари (6.25 милиони американски долари).

Тој објасни дека за околу 2.000 доктори месечно од фондот ќе исплаќа издржување од околу 300 американски долари за транспорт и трошоци за животот.

Масивија живее во Велика Британија, а со шестмесечната партнерска програма ќе раководи неговата фондација „Хајгерлајф”.

Би-Би-Си наведува де се уште не е  јасно што ќе се случи кога овој рок ќе заврши.

Здружението на болнички доктори на Зимбабве преку соопштение на Твитер потврди дека понудата на телекомуникцискиот магнат е прифатена.

Треба да знаете
Последни објави