Search

Докажано со снимка: Советници од листата на Максим Димитриевски купуваат гласови за 500 денари

Лица кои се на советничката листа од иницијативата „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски се обидуваат да купуваат гласови во Куманово, плаќајќи по 500 денари од човек.

На снимка која се појави на ЈуТјуб, се слуша Мирољуб Пауновиќ, кандидат за советник, како се договара со непознато лице да му обезбеди 50 до 100 гласа. Лицето му кажува дека треба да се плати по 500 денари од човек, плус нешто за него.

„Максо ли ти го даде мојот бројот? Јас се видов завчера со Максим и му кажав дека треба да се видам со тебе. Сега кажи ми ти Мики, каков е планот? Јас навистина сакам да гласам за Максим и не само јас, од 50 до 100 гласа имам, одма“ вели лицето на снимката.

По тоа Пауновиќ кажува дека дека ќе разговара со Максим и дека ќе го извести лицето за тоа дали ќе направат договор, а лицето му кажува да не му споменува кој ќе ги наоѓа гласовите, туку да му каже дека има човек кој бара по 1000 денари од глас и дека ќе обезбеди сто гласови.

https://www.youtube.com/watch?v=lKCG-DR8p-w

Треба да знаете
Последни објави