Search

Дозволено присуство на публика за ГН на Германија

Германското ГП во Формула 1 може да се одржи пред вкупно 60.000 навивачи, соопштија здравствените власти. Трката се вози на 11 октомври на патеката „Нирбургринг”. Одлуката да има публика ќе доведе до строги безбедносни мерки, кои ќе бидат специјално презентирани од организаторите.

Патеката во западна Германија не беше домаќин на трка во последните седум сезони. Промената во календарот се должеше на пандемијата на коронавирус, а елиминирањето на некои кругови од Северна Америка и Азија го овозможи германското Гран при. Организаторите ќе дозволат присуство на 20 илјади гледачи во секој од трите тркачки денови на германско тло.

Продажбата на алкохол ќе биде забранета, а навивачите ќе имаат персонализирани билети со точни седишта во одредени сектори на трибините.

Треба да знаете
Последни објави