Search

Дожд и грмежи до крајот на неделава

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

 

Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утре во текот на целиот ден времето ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Треба да знаете
Последни објави