Search

Додик: Цинична пресуда за Радован Караџиќ

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска изјави дека пресудата за првиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ е прилично арогантна и цинична и е дел од порамнување на сметките меѓу претходните пресуди на Хашкиот трибунал.

Додик истакна дека мисијата на Хашкиот трибунал била да обезбеди помирување, но оти сега тоа е уште понеизвесно и речиси невозможно.

Тој повтори дека Република Српска веќе долго време нема доверба во Хашкиот трибунал, а потврда за тоа е и казната доживотен затвор за првиот претседател на Република Српска.

– Многумина на овие простори мислеа, кога беше формиран Хашкиот трибунал, дека ќе се обезбеди некаква доверба со авторитетот на оние кои го формираа. Со време тоа беше загубено затоа што овој трибунал во голем обем се занимаваше со селективен пристап, ја пренесуваат локалните медиуми изјавата на Додик.

Треба да знаете
Последни објави