Search

Додик: Република Српска тргна по патот за напуштање на БиХ

Членот на претседателството во Босна и Херцеговина од Република Српска, Милорад Додик испрати заканувачка порака. „Република Српска тргна на пат за излегување од Босна и Херцеговина од кој нема враќање назад“.

Ова Додик го изјавил на новинарите во Источно Сараево и додал: Нема да не запрат на овој пат ниту САД ниту кој било друг, бидејќи Дејтонскиот договор е изигран пред се со интервенција на меѓународниот фактор“.

Колку во оваа своја намера Републик Српска е сериозна ќе покаже времето. Тој напоменал дека Република Српска има на располагање да избира меѓу две опции – една да дозволи да биде избришана со „смртоносниот“ пакет кој го направиле меѓународната заедница и бошњачката страна во Сараево, а другата е Република Српска да го направи тоа што мора – да тргне сама по сопствениот пат.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави