Search

Додик: БиХ е неодржлива држава

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска, Милорад Додик  смета дека непотребно се одолговлекува донесувањето на буџетот во земјата. Според него факт е дека БиХ дури во август ќе добие буџет за оваа година што само по себе зборува дека станува збор за  неодржлива држава.

-Овде живеат оние кои што мораат, а не затоа што тоа е некоја политичка желба од било кој конститутивен народ или политичка елита – додал Додик и напоменува дека имало години кога буџетот се усвојувал во последните денови од декември за тековната година.

Според него со БиХ управуваат политичките структури на Бошњаците кои се обидуваат да ја моделираат земјата по сопствените убедувања.

-Сведок сум на ситуации кога Бошњаците ги менуваат своите ставови кога ќе се вклучат странците. Единствно автентично денеска во БиХ делува политичката структира на Србите и Хрватите. Бошњаците имаат поданички однос кон западните влијанија кои се обидуваат да го зачуваат убедувањето дека нивната политика за која се залагаат е за унитарна држава – изјавил Додик за радиото на Република Српска.

 

Треба да знаете
Последни објави