Search

Доделување награди на филмскиот фестивал „Киненова”

Со доделување награди вечер ќе заврши официјалниот дел од програмата на фестивалот посветен на дебитантски филм „Киненова”, на кој годинава се натпреваруваат седум филма кои се први или втори остварувања на режисерите.
До  13 октомври ќе бидат прикажани филмови од другите фестивалски програми. Во следните неколку дена ќе има проекции од унгарската кинематографија, како и повторно прикажување на филмот „Медена земја” на 13 октомври во 18 часот.
На програмата денеска се два филма – од 18 часот е „Пандорината кутија” на турската режисерка Јесим Устаоглу, која е и член на годинашното жири на „Киненова”, а од 20 часот – данскиот  филм „Застарениот случај Хамарскјелд” по сценарио и режија на Мадс Бругер.
Филмот е за шведскиот политичар Даг Хамарскјелд за кого се смета дека му е извршен атентат. Режисерот Бругер се охрабрил повторно да го отвори овој случај.
– … Случајот стар повеќе од 50 години добива нова димензија и открива криминал многу поголем од убивањето на тогашниот генерален секретар на ОН… Со лични истражувања Бругер донесува на виделина една вешто скриена вистина со својот брилијантен и наградуван документарен филм, соопшти „Киненова”.
Треба да знаете
Последни објави