Search

Доделени наградите за професионално известување за состојбата на бегалците за 2018

Добитници на наградите за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Северна Македонија се Јасмина Јакимовска и Катерина Топалова.

Наградите беа доделени денеска на Правниот факултет во Скопје во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците 20 јуни, во организација на ЗНМ, УНХЦР и Здружени на млади правници.

Јасмина Јакимовска од Радио МОФ, добитничка на наградата во категорија за професионално известување за состојбата на бегалците, рече дека приказните за бегалците, мигрантите и азилантите се приказни за солидарност.

– Зад секоја статистичка бројка стои приказна, стои семејство, стои некаква судбина, истакна Јакимовска.

Катерина Топалова, од МТВ, добитничка на наградата во категорија за емисија, прилог или краток документарец, рече дека нема поголема приказна од човечката.

– Тие се приказна за моќта и немоќта, толеранцијата и нетолеранцијата и силата и слабоста. Медиумите мора да продолжат да ги следат овие теми, изјави Топалова.

Претставничката на УНХЦР во Скопје Моника Сандри, во своето обраќање, посочи дека настанот ги  спојува двете страсти на УНХЦР – правата на бегалците и свесноста за тие права и дека новинарството е поле во кое треба да инвестираме со цел да го поддржиме професионалното и чувствително известување за едни од најранливите луѓе на планетата.

Сандри, упати честитки на добитниците на наградите и им порача дека денеска ги славиме сите акти на солидарност со бегалците, нешто што тие го направиле.

Денис Сулејман од Здружението на новинари, рече дека наградите се однесуваат на една многу сензитивна и актуелна тема не само во земјава, туку и во регионот и во светот.

– Преку награди со кои се цени квалитетното новинарство се придонесува и за добро информирана јавност, изјави Сулејман.

Новинарот Синиша Станковиќ, од Гласот на Америка е добитник на признание за континуирано професионално изветсување за состојбата на бегалците при мешани миграциски движење за 2018 година.

Во рамки на одбележувањето на светскиот ден на бегалците беа доделни и сертификати за студентите кои успешно ја завршиле практикантската работа на Правната клиника за бегалската криза при Правниот факултет.

Треба да знаете
Последни објави