Search

Доделени Златните глобуси-Никол Кидман и Вил Смит меѓу наградените

Без телевизиски пренос во живо и без црвен килим, вчера зад затворени врати беа доделени „Златните глобуси”, една од најпрестижните филмски манифестации од рангот на „Оскарите”, во организација на Здружението на странски новинари во Холивуд.

Во листата на наградени се најде филмот „West Side Story” во режија на Стивен Спилберг кој беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија, додека „The power of the dog” ја доби наградата за најдобра драма.

Никол Кидман беше прогласена за најдобра актерка во драма, за нејзината улога во „Being the Ricardos”, а во истата категорија, само за машка улога, „Златен глобус” доби Вил Смит за драмата „King Richard”.

Ѕвездата на „West Side Story”, актерката Рејчел Зеглер беше прогласена за најдобра актерка во мјузикл или комедија, додека нејзиниот колега Ендрју Гарфилд ја доби статуетката за најдобар актер во мјузикл или комедија.

Инаку голем дел од филмската фела годинава ја игнорираа престижната манифестација, поради минатогодишните критики дека организаторите работат со „сомнителна етичка политика” без членови црномурести членови.

Теливизискиот канал Ен-би-си кој инаку ги емитува „Златните глобуси”, реши годинава да не ја обави таа функција.

Наградените беа објавени преку официјалните социјални мрежи на „Златен глобус”.

Треба да знаете
Последни објави