Search

Доделени благодарници на учесниците во спасувачката акција по земјотресот во Драч

Шилегов и заменик градоначалникот Енвер Малиќи  денеска им доделија благодарници на пожарникарите и на доброволците коишто  беа дел од екипите што заминаа во Албанија и учествуваа во спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.

Благодарници им беа доделени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски, како и на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.

Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекување и спасување  на повредените во земјотресот, како и во расчистување на урнатините од  оштетените објекти.

 

Треба да знаете
Последни објави