Search

Додека целиот свет води здравствена и економска битка, СДСМ се бави со политиканство

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

„Никакво решение не може да биде изборен процес кој ниту ќе е демократски, ниту слободен, изборен процес на кој граѓаните со страв ќе одат на гласачките кутии.

Костадинов по стапките на неговиот ментор, аболицираниот Заев притиска за брзи корона избори на кои наместо гласови ќе ги броиме заразените и починатите од корона вирусот.

Во моментите додека Костадинов се бори за спас на политичката кариера на Заев, во Македонија се регистрирани нови 25 случаи на опасниот корона вирус, а тројца наши сограѓани ја загубија битката за своите животи.

Во најмала рака неодговорно, односно срамно е однесувањето на СДСМ кон пандемијата и опасноста по здравјето на граѓаните.

Додека целиот свет води здравствена и економска битка, СДСМ се бави со политиканство.

Народот гледа се, народот не можат веќе да лажат и народот ќе ги казни на следните избори кога и тие да се одржат.“

Треба да знаете
Последни објави