Search

Додека СДСМ глуми нормалност секој ден наши сограѓани ја губат битката со смртоносниот вирус

Владата на СДСМ доживеа вистинско фијаско во справувањето со коронавирусот. Бројката на заразени од опасниот вирус во Македонија надмина 2 илјади заразени, а борбата со вирусот ја загубија повеќе од 100 наши сограѓани, поголемиот дел од нив починаа пред воопшто да бидат тестирани и дијагностицирани како позитивни на коронавирусот.

За каква успешност во справувањето со коронавирусот говори Коциќ?

Додека на прес конференции од СДСМ глумат нормалност состојбата во Македонија од ден во ден се влошува, нашата држава е на врвот на црната статитстика во регионот. Македонија има најголема  смртност на еден милион жители и за жал е на врвот по заболени на еден милион жители. Фактите говорат дека во нашата држава се направени најмал број на тестови во регионот, но и покрај тоа го имаме најголемиот пораст на новозаразени.

Додека СДСМ тера кампања бројот на починати секојднвно расте, тие не се само бројка, тие се наши сограѓани со име и презиме.

За ваквото срамно и скандалозно однесување на СДСМ следува казна на следните избори кога тие и да се случат.

Треба да знаете
Последни објави