Search

Додека граѓани умираат од корона вирусот, за Заев се поважни црните бизниси кои треба да поминуваат преку Сашко Николов

Додека Македонија умира и секојдневно се рушат црни рекорди од корона вирусот, на СДСМ им е важно да имаат градоначалник во Штип.

Денот кога Спасовски кажа дека Штип чекори по вистинскиот пат згаснаа 2 животи во Штип, а други 45 граѓани се заразени со корона вирусот. Штип во моментов има 523 активни  случаи на корона вирус, а од почетокот досега 2784 или за 784 повеќе од тоа што СДСМ и Филипче викаа дека ќе има целата држава.

Додека СДСМ како и пред парламентарните лаже дека состојбата се стабилизира, бројките ги демантираат. Денеска 22 лица ги загубија животите, а високи 1.342 се заразени. Да биде состојбата полоша Македонија е во 10 земји во светот со најголема смртност на милион жители.

Очигледно животите на граѓаните не се важни за СДСМ, туку бизнис интересите на Зоран Заев кои треба да поминуваат преку Сашко Николов во Штип. Затоа им се брза за избори, кога луѓе ги губат животите.

Бесплатните маски кои ги ветуваат потценувајќи ги граѓаните досега требаше да ги обезбедат, а не да ги уценуваат со победата на Николов.

Да им беа животите на граѓаните важни, Сашко Николов немаше да оди на избори, туку како лекар ќе помагаше во здравството, во ситуација кога во земјава фали медицински кадар.

Со ваква мафијашка власт која гази преку човечки животи ниту Штип, а ниту Македонија се во сигурни раце.

Треба да знаете
Последни објави