Search

Додека граѓаните мислат како ќе го поминат месецот, Бектеши се фали со „успесите“ на Владата

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Крешник Бектеши

 

„Додека Заев, Спасовски и Владата на СДСМ танцуваат со короната, граѓаните се соочуваат со реални проблеми предизвикани од епидемијата на корона вирусот во Македонија. Граѓаните се загрижени поради безидејноста, неспособноста и расипништвото на Владата на СДСМ во услови на криза. Наместо реални мерки за помош на граѓаните и стопанството, Владата се занимава со политиканство и гол популизам кој не е од никакво значење за македонските граѓани. Додека нашите граѓани се соочуваат со реални проблеми за тоа како ќе го поминат месецот, од каде ќе најдат пари за да ги набават потребните намирници за викендот во кој ни следува 24 часовен полициски час, Крешник Бектеши се фали со „успесите“ на Владата.

Според анкетата која што можевме да ја видиме во медиумите дури 20% од граѓаните добиле привремен отказ. Станува збор за неверојатна бројка од над 160.000 граѓани, што значи дека во просек секое петто семејство во Република Македонија останува без еден вработен. Угостителите пак велат дека без работа останале повеќе од 15 илјади граѓани само во нивниот сектор.

Владата на СДСМ нема решение за проблемите на илјадници граѓани на Македонија кои останаа без работа. Повеќе од 80% од граѓаните на Република Македонија очекуваат Владата да ги помогне компаниите и да им ги покрие загубите, на начин на кој истите компании не би делеле откази како во моментов.“

Треба да знаете
Последни објави