Search

Додека Венецуела гладува, децата на социјалистичките водачи се расфрлаат со богатство

Фалење со пари, позирање со поп-ѕвезди и фотографирање во најлуксузните хотели во светот – богатите деца на венецуелската социјалистичка елита не знаат ништо за сиромаштијата што нивните родители ја создадоа во таа земја, која политички и економски се распаѓа.

Најстарата ќерка на водачот на социјалистичката револуција, Хуго Чавез, Марија Габриела, наводно е најбогатата жена во Венецуела, со лично богатство од 4 милијарди долари, скриено во банкарски сметки низ Европа, пишува Дејли мејл.

Оваа 38-годишна жена го заработила своето богатство служејќи како прва дама на својот татко, поранешниот претседател Чавез, откако тој се раздели од својата втора сопруга.

Но, Габриела – и другите деца на нивната социјалистичка елита – се чини дека заборавија на неговото мото дека е „лошо да се биде богат”.

Додека Габриела се крие зад дипломатскиот имунитет, со оглед дека нејзиниот режим и додели улога на „алтернативна амбасадорка на Венецуела во САД”, нејзината помлада сестра избега од земјата во срам, по бројните негативни реакции на покажување на нејзиното богатство во јавноста.

Росинес Чавез седна на авион за Париз, само неколку часа откако во 2016 година на социјалните мрежи објави фотографија на која во рацете држи куп долари.

Од друга страна, наследникот на нејзиниот татко и неговите потомци се однесуваат уште полошо.

Претседателот Николас Мадуро беше особено критикуван откако на интернет се појави снимка како ужива во Истанбул минатата година, додека во Венецуела, луѓето не можат да си дозволат свежо месо. Неколку месеци порано, неговите два посинока, Јосвал Гавидиа Флорес и Волтер Гавидиа Флорес, успеаја да потрошат 45.000 долари за екстравагантен 18-дневен престој во хотелот Риц во Париз.

Хотелската сметка е еднаква на платите на 2000 граѓани на Венецуела.

Покрај тоа, браќата се чести гости во најскапите ресторани, продавници за облека и накит, додека нивниот татко ја влече земјата во пропаст.
За среќа за претседателот Мадура, неговиот син Николацито не се појавува многу во јавноста. Неговата единствена контроверзност е дека за време на говорот во парламентот во 2017 година, тој му се заканил на Доналд Трамп дека ќе ја преземе Белата куќа ако американската војска ја нападне Венецуела. Мадуровата ќерка Даниела го привлече вниманието со својот изглед, но исто така и стил. Нејзиното момче е латинската поп-ѕвезда Омар Ацедо

Треба да знаете
Последни објави