Search

Додека апселе гостиварец од неговиот дом фрлале пиштоли низ прозорец

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со ПО Чегране вчера во 6.45 часот извршиле претрес во домот и помошните простории на Р. М.(42) во гостиварското село Чајле.

При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е пиштол „Глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „Хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.

Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „Смит и Весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, 5 куршуми и батериска лампа со полнач, а кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на Р. М., додека  тој бил приведуван од полициските службеници.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави