Search

Матис: Договорот од Преспа ќе обезбеди место на земјата во НАТО

Матис: Договорот од Преспа ќе обезбеди место на земјата во НАТО

Пречекан со највисоки државнички почести, Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави ЏејмсНорман Матис, во рамките на својата официјална посета на нашата земја,денеска оствари средба Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од членовите на владината делегација заедно со Заменичката претседателка во Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, потоа одржаа пленарна сесија на која Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави Џејмс Матис, беше придружуван од амбасадорот на САД Џејмс Бејли, како и членови на Секретаријатот на одбрана на САД и претставници на американскиот Пентагон.

Премиерот Заев во своето обраќање на прес конференцијата истакна дека посетата на Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави Џејмс Матис доаѓа во еден исклучителен период, кога граѓаните на Република Македонија се подготвуваат на најдемократскиот начин, на референдум, да го дадат својот глас за прифаќање на договорот со Грција од Преспа, а со тоа и за нашето членство во ЕУ и НАТО.

Вашата посета е уште една потврда за афирмирање и охрабрување на нашето стратегиско партнерство, и претставува силен сигнал за исправноста на политиките на Република Македонија што ги презема на планот на промовирање на дијалог, толеранција и регионална соработка. Во таа насока, поддршката на Соединетите американски држава е секогаш тука и претставува силно охрабрување“, нагласи премиерот Заев.

Претседателот на Владата на РМпотенцираше дека поканата за членство во НАТО што ја добивме во Брисел  на 12 јули оваа година, не охрабри да продолжиме уште поинтензивно со реформите и со подготовките кои што ќе не направат 30-та членка на Алијансата.

За Република Македонија интеграцијата во НАТО и ЕУ нема алтернатива. Тоа го потврдува и огромното мнозинство на нашите граѓани. За граѓаните на Република Македонија консензусот по прашањето на нашето членство во НАТО е резултат за прифатените вредности што ги дели алијансата. Тоа го докажуваме и со нашето активно учество во мисиите на НАТО. Армијата на Република Македонија е посветен партнер на американските и на војниците на другите земји членки на НАТО во мировните мисии“, рече премиерот Заев.

Заменичката претседателка во Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска потсети дека за прв пат во нашата историја како независна држава ни се случува во една година, за помалку од 6 месеци, секретар за одбрана на САД и македонски министер за одбрана да имаат 2 средби, во Вашингтон и во Скопје, и дека тоа говори и за личната заложба на Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави, Џејмс Матис за Македонија и нејзиното членство во НАТО.

„Се наоѓате во една Македонија која е поинаква од државата која ја гледавме до пред нешто повеќе од една година… Денес, Македонија е земја со НАТО покана, без отворени прашања со своите соседи, преставува пример за соработка во регионот, и земја подготвена од докажан партнер да стане сојузник и член во најуспешниот безбедносен и политички сојуз. Немаме дилема дека нашата иднина е во НАТО – Алијансата, на иста маса со Соединетите Американски Држави и со другите сојузници“, рече министерката Шекеринска.

Шекеринска изрази уверување дека македонските граѓани на претстојниот референдум на 30 септември ќе ја препознаат шансата и ќе се изјаснат за Македонија, безбедна и просперитетна, членка на НАТО – Алијансата и Европската Унија.

„Се сеќавам на Вашите зборови во Пентагон, дека не сакате да ја видите Македонија запрена пред вратите на НАТО. Во меѓувреме помогнавте Македонија да ја добие НАТО поканата, а денеска сте тука во Македонија. Убедена сум  дека на 30 септември граѓаните ќе се изјаснат дека се ЗА Македонија која ќе биде безбедна, сигурна, просперитетна, економски развиена, ЗА Македонија која рамо до рамо со САД и со другите сојузници помага во градењето на заеднички мир и просперитет “, заклучи министерката.

Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави Џејмс Матис во своето обраќање пред новинарите и македонската јавност се заблагодари за срдечниот пречек и за продуктивните разговори на средбите. Тој истакна дека оваа посета и пријателските разговори се потврда на силна взаемна поддршка на двете земји како стратешки партнери што споделуваат заеднички вредности.

Тој изрази надеж и им оддаде поддршка на сите што се залагаат за успешен исход на референдумот на 30 септември со што граѓаните на Република Македонија ќе направат уште еден голем историски чекор и што со одобрувањето на договорот од Преспа ќе обезбедат местото на земјата во НАТО, како партнер рамен со сите други земји членки.

Треба да знаете
Последни објави