Search

Добра и лоша вест за Чави пред гостувањето на решавачкиот меч во Минхен

Добра и лоша вест за тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Барсњлона, Ернадес Чави пред гостувањето кај Баерн во Минхен во последниот меч од групата во Лигата на шампионите кој ќе биде решавачки дали петкратниот европски првак сезонава ќе ја заврши уште по групната фаза или ќе се избори за нокаут-фазат. Лошата вест е тоа што Чави нема да може да сметаат на Ансу Фати поради повреда, а добрата е што на располагање ќе биде Усман Дембеле.

Фати има повреда на бутниот мускул и изминативе денови лекарскиот тим се обидуваше со  забрзана рехабилитација да го оспособи суперталентираниот офанзивец, ама според последните информации сето тоа е безуспешно. Според најавите Фати на терените би требало да се врати на 18 декември на мечот со Елче во Ла Лига.

Барселона против Баерн мора да победи ако сака да биде сигурна дека оди во нокаут фазата, во спротивно ќе зависи од Бенфика која ќе игра против Динамо Киев. Баерн резултатски растеретено влегува во овој дуел затоа што баварците веќе го обезбедија пласманот во следната фаза и со пет победи во пет натпревари се лидери во групата.

Треба да знаете
Последни објави