Search

Добил црвен картон, па ги исклучил рефлекторите на стадионот

 Фудбалер во Англија предизвика необичен инцидент за време на натпревар од аматерските лиги во Англија.

Како што објави „Метро” ​​инцидентот се случил за време на натпреварот помеѓу Кидлингтон и Челтенхам Саразенс. Во 73. минута играчот на Кидлингтон, Јулиус Мурага доби црвен картон и го напуштил теренот. Набргу потоа снема светлина на стадионот. Подоцна се покажа дека Мурага ги исклучил рефлекторите.

Тој објасни дека не сакал да го стори тоа и дека мислел дека тоа е прекинувач за тушот, каде што отишол по исклучувањето.

Фудбалерот увери дека не се обидел да го наруши текот на натпреварот.

Пет минути подоцна, играта продолжи, а Челтенем победи со резултат од 3:1

Треба да знаете
Последни објави