Search

Добила ќотек од свекрвата, па сопругот и се заканил дека ќе ја убие

Млада жена од скопското село Мирковски била жртва на семејно насилство, ноќеска во домот на нејзиниот сопруг, информираше МВР.

-На 28.11.2019 во 01.15 часот во СВР Скопје, К.С.(29) од с.Мирковци, скопско, пријавила дека на 27.11.2019 околу 21.00 часот во семејниот дом во с.Мирковци, по претходна расправија, била физички нападната од свекрвата Д.П.К. од с.Мирковци, а потоа и нејзиниот сопруг Д.К. ѝ упатувал закани по живот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави