Search

Дневен хороскоп за 19 февруари

Одличен ден за нови почетоци за Рибите. 

Прочитајте го хороскопот за 19 февруари.

Овен

Полека се опоравувате од голем неуспех. Добивате чувство дека сите работи ќе дојдат на свое.

Емоциите ви се помалку важни сега. Сета енергија ја насочувате на работата.

Можни се воспаленија.

Бик

Со своето однесување одлучувате дали сакате да ја зацврстите својата положба или пак ќе ја изгубите наклонетоста на надредените.

Не сте подготвени за компромис. Можно е да ја загубите личноста која ви значи.

Проблеми со бубрезите.

Близнаци

Тешко прифаќате зголемување на обврските. Пред вас е тежок период.

Вашиот однос со саканата личност ќе биде одличен подолго време.

Пад на имунитетот.

Рак

Секој потег на некој начин е ризичен и може да ви донесе загуба. Среќата не ве следи.

Иако вашата љубов е силна и искрана, често се чувствувате како да не сте разбрани.

Би ви годел одмор.

Лав

Не се потпирајте на советите на луѓето околу вас. Не се сите информации кои доаѓаат до вас точни.

Вашиот однос со саканата личност е во криза. Време  е да ставите точка на некои работи.

Проблеми со варењето.

Девица

Се појавуваат проблеми во комуникацијата со блиското окружување. Тешко се снаоѓате во поставувањето граница меѓу личното и професионалното.

Едно неодамнешно познанство кое не ви изгледаше  добро на почетокот може да прерасне во убава љубов.

Можни се проблеми со грлото.

Вага

Вашата финансиска ситуација е стабилна, но не сте задоволни кога станува збор за своите позиции и видот на работа кој го работите.

Под впечаток сте дека саканата личност е со вас од интерес. Вашата недоверба расте.

Не се чувствувате добро, посетете лекар.

Шкорпија

Се трудите да ја одржите контролата над сите работи, но некои од нив не се во ваша контрола.

Ви сметаат ограничувањата од страна на саканата личност.

Ве мачи мигрена.

Стрелец

Не можете да излезете на крај со проблемите од минатото. Иако ви се чини дека решението е далечно, всушност не е така.

Ви се допаѓа личност која не е слободна, но тоа не е препрека за вас.

Можни се проблеми со штитната жлезда.

Јарец

Не ве очекуваат никакви промени во работната средина. Ситуацијата ќе биде мирна и стабилна.

Тешко го пребродувате неодамнешното раскинување. Поранешниот партнер ви недостасува.

Би ви годела масажа.

Водолија

На сите начини се трудите да заштедите пари.

Имате голема доверба со својот партнер и вашите надежи за заедничка иднина се големи. Можете да очекувате дека ќе се остварат.

Избегнувајте ги пороците.

Риби

Можно е да добиете некои позитивни вести кои подолго ги чекате. Денеска сте расположени за соработка.

Денот е одличен за нови почетоци. Ако ви се допаѓа некоја личност, добро би било да и пријдете.

Можни се алергии.

Треба да знаете
Последни објави