Search

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 38.569.330 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.093.534 пациенти, а оздравеле 28.960.264 луѓе.

– Во Индија се регистрирани 63.509 заразени лица во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од последниот пресек од Ковид-19 умреле уште 730 лица, пренесуваат нбританските медиуми. Вкупно, повеќе од 7,2 милиони луѓе веќе биле заразени во Индија, а 110.586 умреле.

– Во Бразил вчера беа регистрирани 10.220 нови случаи на Ковид-19 и 309 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство. Досега во оваа земја се регистрирани вкупно 5.113.628 пациенти, а умреа 150.998 лица.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија во последните 24 часа е зголемен за 5.132, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох”. Од последниот пресек, како што пренесуваат британските медиуми, умреле 40 лица како резултат на инфекција со коронавирусот. Од почетокот на пандемијата во Германија се заразени вкупно 33.585 лица, а 9.677 умреле.

– Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 748 нови случаи на инфекција со коронавирус, а четири лица умреле, соопшти утринава Националниот штаб за цивилна заштита. Ова е најголем број нови случаи во еден ден досега. Од почетокот на епидемијата, коронавирус е потврден кај 21.741 лице, од кои 334 завршиле со смрт.

– Во Бугарија цо последните 24 часа е забележан рекорден пораст на бројот на пациенти за еден ден, откако се инфицирале 785 лица, или речиси 200 повеќе од претходниот ден. Според Министерството за здравство, во Бугарија има вкупно 25.774 случаи на Ковид-19, пренесе Тасс. Најголем број заразени има во Софија. Осум лица умреле во последните 24 часа, со што вкупниот број на жртви достигна 923 лица.

– Во Полска е поставен нов црн рекорд, откако 116 лица умреле од Ковид-19 во последните 24 часа, а со тестирања се откриени нови 6.526 инфекции, соопшти Министерството за здравство. Бројот на заболени од вирусот корона од почетокот на епидемијата во Полска се зголеми на 83.847 заразени и вкупно умрени 3.217 лица.

– Во БиХ се забележани 476 новоинфицирани лица и 11 смртни случаи, што е највисока бројка досега. Вирусот досега им е детектиран на 20.588 лица.

– Во Словачка се потврдени 1.410 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, јави денеска Националниот здравствен центар. Вчера беа регистрирани пет смртни случаи или купно 66 од почетокот на пандемијата, пренесе Таср.

– Рекорден дневен број на нови случаи со Ковид-19 е забележан денеска и во Италија- 7.322, со што вкупниот број на инфекции достигна 372.799. Претходниот дневен рекорден пораст беше на 21 март, кога имаше 6.557 нови случаи.

Во последните 24 часа се евидентирани 43 нови смртни случаи, два повеќе отколку во вторникот, со што вкупниот број на жртви сега изнесува 36.289.

-Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани уште 193 новозаболени лица и четири смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје. Четворица пациенти кои биле позитивни на коронавирус починале.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 14.461.

– Бројот на новозаразени со коронавирусот во изминатите 24 часа во Велика Британија е зголемен за 19.724, покажуваат најновите денешни владините податоци.

Тоа е зголемување за 2.490 случаи во споредба со претходниот ден, јавија британските медиуми. Во изминатите 24 часа, 137 лица умреле во земјата, што е нешто помалку од претходниот ден, кога бројот на смртни случаи беше 143.

-Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште седум лица. Од почетокот на епидемијата, 23.495 лица биле заразени, а 469 починале.

-Министерството за здравство на Кипар објави 51 нов случај на Ковид-19, од извршени 2.291 тест, со тоа што бројот на пациенти се зголеми на 2.181.

-Во последните 24 часа, официјално е регистрирана нова жртва на Ковид-19 на Косово, така што бројот на лица кои умреле како резултат на епидемијата сега е 650. Според косовските здравствени власти, вчера имало 80 новозаразени и 55 излекувани. Бројот на лица со коронавирус од почетокот на пандемијата сега изнесува 16.425

-Во Албанија, во последниот ден, за прв пат, бројот на ново дијагностицирани со Ковид-19 е повеќе од 200. Во истиот период умреле пет пациенти со Ковид-19. Вкупниот број на пациенти изнесува 15.955 од 102.004 тестирања, а битката со опасниот вирус ја добиле 9.762, додека умреле 434 лица.

Треба да знаете
Последни објави